Пред некое време, тука во Скопје една група млади луѓе, да ги наречеме “архитекти” се беа собрале на плоштадот, закажано и пријавено кај власта за да протестираат против некоја си кауза, која ја сметале за доволно битна за да се протестира против неа, да речеме, изградбата на црква на плоштад. Ништо ни чудно, ни ново. Помеѓу демократските принципи, правото на протест е едно од најсветите.
Арно ама, за различни луѓе, различни работи се свети. И така, една друга група, да ги наречеме “христијани”, сметала дека првата се залага за погрешна работа, и спонтано се собрале, понизно и христијански, да им укажат дека грешат. И овде, некако се заеба работата.
Да кажам дека тоа што се случуваше на плоштад, и не е делот кој ме нервира. Такви работи се случувале секаде и секогаш. Стално има некој кому му е полесно да се објасни и да се изрази со тупаница отколку со јазик, така да нема да имаме недостаток од тепачи и тепани уште многу време.
Тоа што ме вади од кожа се некои од реакциите на ваквиот настан. Како прво, тоа што упорно се тврди дека тепачите биле најобична неорганизирана толпа. Секому кој што пробал да се договори со другарите за да пијат едно кафе на кеј, му се јасни логистичките проблеми. Еден е на работа, друг ќе го носи детето на лекар, трет имал некои гости најавено, четврт просто го мрзе да излезе во сабота наутро од дома. Евентуално ќе падне договор, па кој дојде – дојде. Значи, никој со две чисти не може ни да помисли дека толкава толпа успеала спонтано и стихијно да се собере, па уште да донесе и знамиња и транспаренти. Ај, дури и да речеме дека страдните христијани сакаат да се во сабота на пладне на плоштад, сепак не верувам дека некој спонтано и стихијно, каде и да оди, го тегне знамето со себе. Ме луте тоа што никој, а најмалку официјалните лица на кои тоа им е работа, не ја истражија и објавија динамиката на спонтаниот протест, како што тоа детално се направи со редовно пријавениот протест на архитектите.
Ајде, и да го голтнеме тој дел некако. Се собрале како што се собрале, го направија тоа што го направија, пред очите на цела македонска јавност – и никому ништо. Се дигна прашина, реакции од лево и од десно, се слегна прашина. Тепаниот тепан, ебаниот ебан.
И тука цела приказна ќе завршеше, и нема да го пишев овој пост, да не се случи тоа што стварно ме изнервира, и повеќе разочара. Кривичните пријави. Да, кривични пријави за тепаните. Не навлегувам во тоа дали се легални, попаметни глави од мене нека го кажат и докажат тоа на суд. Не се праведни.
Не е ова прв протест во оваа држава, за жал ги имаме стално. Секоја втора будала на која нешто и смета блокира патишта, активност која е, да не заборавеме, нелегална. Личности кои ги има по телевизиите се недостапни за нашите органи. Милиони други работи не ни се средени, арно ама архитектите има да се средени. Има, кога ќе прават протести отсега, да си организираат се по правила и прописи. Or else.
Хе хе…. не е и тоа настрашното. Допрва иде пострашниот дел. Кога истите архитекти ќе протестираат против изградба на џамијата ….. само што тогаш толпата нема да биде „вооружена“ како сега со песници и знамиња. Се знае….. калашите…..
Мене од се најмногу на к. ми одеше тоа што направија СЛОН од работава – замалце у ЕУ немаше да не примат ради една тупаница – каде и да е… Да се подсетиме само на демократските методи што француската полиција редовно ги применува среде Париз врз студенти и друга распрдена омладина.
Ми се лоши на еден специфично непријатен начин и од н-то личноста на таканаречените и самопрогласени либерални македонски интелектуалци кои селективно се некогаш против а некогаш за, најчесто без или со крајно дебилна аргументација, во зависност од тоа во која партија е дедо им или од кое ќупче им доаѓаат грантовите.
Со гомната на власт барем е се јасно, гомна се и лопови – од 92 до ден денес, сите чума да ги утепа.
Епа тоа е и проблемот. Во Франција, ја претепаа младината, си излегоа редовните душебрижници, осудија све живо и диво, излезија портпароли, рекоа извинете, не сме сакуеле, се посипаа со пепел, и – тепаниот тепан, и така натаму.
И кај нас да излезеа сите и да рекоа, не треба вака, срам да му е на овие тепачиве, и да продолжеа да си седат на газот ко обично, ќе се стивнеше, и ќе се решеше набрзина. Заборави пријави, заборави истраги, заборави новинари, пошто кај шо нема мрша, нема ни мршојадци.
Ама има и една добра работа во сето ова. Имено, „спонтано собраните“ и блиски до Бога христијани им покажаа и докажаа на „архитектите“, а и на македонската јавност, дека ќотекот од рајот излегол!