Епа, со еден месец закаснување, среќна нова година. Најубави желби, среќа во љубовта, you know the drill. Не знам што ви донесе Дедо Мраз за нова година, но подарокот што беше оставен за мене беше еден нов и убаво запакуван Закон за заштита од пушењето. Додуше не е баш најнов (во основната форма е донесен во ‘95-та), но во 15-те години до 2010 спаѓаше во онаа категорија на опциони закони, што ги почитуваш ако сакаш, не од што мораш. Да се разбереме, во законот (стар или нов, сеедно) со ниедно зборче не е нагласена неговата опциона природа, ама во нашата правна држава и демократско општество, некако беше преќутно договорено дека иако сите закони се исти, некои се помалку исти од другите.
Е сега, дојде среќна нова 2010, и бидејќи законот се ближи кон полнолетство, се реши да му се даде повеќе внимание, да стане еден од оние “сериозни” закони, кај кои нема трте-мрте, ами мора да се почитува. Му се додадоа и неколку амандмани, за да изгледа онака, ко вистински голем закон. Додуше и амандманите се донесени во 2008-ма, ама нели народот вика дека било лоша среќа нов закон да се имплементира во непарна година, така да ќе ја прескокнеме 2009-та.
И така, се почна со имплементација, и почна да писка шуто и рогато, те дека законот не бил прецизен каде смее каде не смее, те дека ќе се намали прометот на угостителите, те дека забрането било и дома на балкон да запалиш цигара, итн. Накратко, се поларизира јавноста, и почна целата работа да пука малце по шавовите. Дури има и најави дека законот ќе се ревидира. Е тоа е всушност работата што ме нервира. Една рака луѓе сме, ама не можеме во 15 години од постоењето на еден закон, да извадеме нешто што е квалитетно. Поправете ме ако грешам, ама нели цела поента на законите во една демократија е да ги одразат мислењата и ставовите на популацијата. Во крајна линија, законите би требало да се од народот, за народот, нели? А ако законот не им се допаѓа на значителен дел од популацијата, тогаш ваљда законот е лош, не е ваљда дека треба популацијата да ја смениме? Или по оној стариот афоризам – супер закон имаме, само луѓето не ни чинат.
Ни се потенцира дека овој закон е сличен со Шведскиот, со Германскиот, итн. Епа една новост да кажам. Во Шведска живеат Швеѓани, а во Македонија Македонци. Не сме ни инфериорни, ни супериорни спрема нив, и тие се луѓе ко нас. Едноставно сме различни. Различна култура, различни вредности. Тоа се разлики кои е неможно да се решат со закон, дури законите треба и да ги рефлектираат тие културни разлики. А нашите власти (не само овие, и претходните, и пред-предходните…) упорно пробуваат да се синхронизираат со Европа земајќи некој рандом закон, и заменувајќи ги сите референци кон, да речеме Данска, со Македонија. И после се чудат зошто законот не се почитува, зошто само се зголемува множеството на “опциони закони”, кои се почитуваат некоја недела од кога ќе се донесат, а подоцна дури и инспекторите почнуваат да забораваат на нив (проверете колку коли со кои ќе се разминете денес немаат запалени светла). Нема, и не можеме, да станеме држава во која владее законот и правото, се додека огромен дел од луѓето, длабоко во себе, не се согласуваат со законите, бидејќи таква е човечката природа. Никого нема да го јаде совеста ако прекрши закон или правило, со кое во основа не се согласува. Се додека една работа не е неморална, џабе е да ја регулираме со закон, само ќе се зголемува криминалот околу заобиколувањето на тој закон – земете ја само како пример прохибицијата во САД.
Овие работи требаше да бидат средени уште пред да се почне со примена на законот, не отпосле. Во цел муабет, не видов веродостојна статистика за тоа колку луѓе во Македонија пушат, колку од нив пушат повеќе од една кутија, колку од нив нема да пијат кафе на кеј ако не смеат да запалат цигара. Колку троше Македонија на лекување на болести поврзани со пушење, колку буџетот добива од даноците од цигарите. Не видов анализа како тие бројки ќе се сменат. Со еден збор, не видов идентификација на засегнатите страни и каков ќе биде ефектот од забраната врз нив.
Без такви бројки, и без анализа на тие бројки, овој закон е осуден, порано или покасно (моја претпоставка е некаде околу април, кога ќе почне да може да се седе на тарасите на кафаните) да се врати во групата на “опциони закони” и таму да чека подобри времиња, најверојатно кога ќе достигне вистинско полнолетство, таму некаде 2013-та година.
pa….mozda i si u pravo za toa deka zakonot e premnogu rigorozen, ama mene mi e mnogu poubavo koga ke izdam u kafana i ne e zadimeno, a za tebe “me zabole” isto kolku so te bolese tebe za mene dosega ko ke idevme u kafana i od dim crno mace pred nos ne se gledase
)) ako ti se pusi…zemi bugraski pasos…
@Веко:
I second
@Горан:
А да си земеш ти пасош за Швицарска па глеј таму црни мачки колку сакаш?
Треба да има измена на законот со дозвола за пушење на тераси и мислам дека тоа е логичната отстапка што владата на РМ може да ја направи, за да не биде пушењето во групата на опционални или секое-чудо-три-дена закони…
Е сега, да ли некој го болело или не, помалку важно, законот претходно дозволувал а сега не, непочитувањето се казнува и тоа е тоа.
Јас, како потрошувач на две пакла дневно би сакал освен терасите да има и други опции и иако тоа би било убаво за мене, не мислам дека и ќе се случи, за разлика од вас погоре…
Нека биде законов да придонесе почесто да се гледаме по гости отколку по кафани – ајм фајн вит дет.
Епа сакам да кажам, дека да, тоа е толку очигледна и логичка отстапка, шо требаше да се размисле и во овие година и кусур шо го има законот, а не сега брже-боље да се праве нешто за да се среде работата.
И во секој случај, непочитувањето треба и мора да се казнува, а ние, најверните потрошувачи на и онака субвенционираната тутунска индустрија, некако веќе ќе се снајдеме.